Added: Nov 18, 2008
From: Makedonier
Duration: 3:54
20.07.2008Прославата на религиозниот и национален празник Свети Илија, што вчера започна во селото Овчарани, во близина на Лерин се одвива непречено и според предвидената програмаНа традиционалната културна манифестација пристигнале околу 5 -- 6 илјади луѓе од регионот и околината, а денеска свој настап треба да има и културно уметничкото друштво од Македонија „Танец", соопштија за Макфакс извори од Виножито, политичка партија на Македонците во ГрцијаТие велат дека станува збор за „типична македонска прослава".„Најпознатите медиуми во Грција ја оцрнуваат оваа манифестација наведувајќи дека екстремисти од Скопје, намерно сакаат да ја провоцираат Грција", велат од Виножито.Според нив, дури и еден од најпопуларните грчки весници „Та Неа" пишувал дека македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе одржи „провокативен говор" во Овчарани (Мелити).Од партијата сметаат дека целта на грчките мас медиуми, под диригентска палка на разни националистички кругови, па дури и од власта, е да го уплашат македонското население и да ја намалат масовноста на собирот во Овчарани. Се со цел да се потврдат сите изјави на грчките претставници дека не постои македонско малцинство во Грција.Од партијата прашуваат како може една европска држава, како што е Грција да дозволи парадирање на крајно десна организација, како што е „Хриси Авги" на самата граница и да извикува пароли и вулгарни зборови на сите оние кои влегуваат во Грција со цел да присуствуваат на културната манифестација.
Channel: Travel
Tags: aegean celebrating discrimination elias ethnic greece greek ilinden in macedonia macedonian macedonians makedonia meliti minority ovčarani saint Βοστάρανη Μελίτη
Rating: 4.31 (29 ratings) Views: 4467' favoriteCount='17 Comments: